Стопиран огласот за продажба на плацеви за хотели на Младост

Bez autora
Aug 05 2013

Во Велес пропадна продажбата на плацеви за изградба на станбени згради. На јавниот оглас за лицитација никои не се јави. Според распишаниот оглас за продажба, се нудеа две парцели во кругот на касарната Алексо Демниевски Бауман", кај месноста Багремче. Една од шест, а другата од 3 илјади метри квадратни. Почетната цена за квадратен метар изнесуваше 1.680 денари. Од локалната самоуправа велат дека плацевите за изградба на станбени згради повторно ќе се нуди на продажба. Огласот ќе се распише по еден месец. Засега од Општината не кажуваат дали ќе се намали цената. Општина Велес, по барање на Министерството за транспорт и врски, го стопираше огласот за продажба на парцелите за изградба на хотели и мотели покрај езерото Младост.

Стопиран огласот за продажба на плацеви за хотели на МладостВо Велес пропадна продажбата на плацеви за изградба на станбени згради. На јавниот оглас за лицитација никои не се јави.

Според распишаниот оглас за продажба, се нудеа две парцели во кругот на касарната Алексо Демниевски Бауман", кај месноста Багремче. Една од шест, а другата од 3 илјади метри квадратни. Почетната цена за квадратен метар изнесуваше 1.680 денари. Од локалната самоуправа велат дека плацевите за изградба на станбени згради повторно ќе се нуди на продажба. Огласот ќе се распише по еден месец. Засега од Општината не кажуваат дали ќе се намали цената.

Општина Велес, по барање на Министерството за транспорт и врски, го стопираше огласот за продажба на парцелите за изградба на хотели и мотели покрај езерото Младост. Во консултации со министерството е решено да не се продава земјиштето се додека индискиот инвеститор, кој сака да гради студентски кампус, не ја одбере најсоодветната локација.

Инаку, во изминативе два месеца од понуденото плацеви се продадоа само две парцели за изградба на куќи во населбата Тунел 2. На лицитацијата учествувале деветмина понудувачи. Метар квадратен е продаден по 71 денар што е за 10 денари повеќе од понудената почетна цена. Од Општината најавија дека покрај плацевите за изградба на станбени згради, во најскоро време планираат да понудат и други плацеви за изградба на хотели, мотели и станбени згради во Велес и на брегот на езерото Младост.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik